Враќањето на странските терористички борци (FTF) и нивните семејства претставува предизвик за општеството и практичарите што работат со нив. Социјалните работници играат клучна улога во процесот на рехабилитација и реинтеграција. За време на дводневната обука (од ручек до ручек) имаме за цел да работиме со разбирање и да одговориме на случаите на вратени FTF и нивните семејства, од перспектива на рехабилитација и реинтеграција во Западен Балкан.
Главни прашања што се адресираат за време на обуката се:
- Каква улога може да имаат социјалните работници во рехабилитацијата и реинтеграцијата на вратените FTF и членовите на нивните семејства?
- Какви искуства во работата со вратени FTF и нивните семејства имаат учесниците?
- Кои се специфичностите на работата со вратените FTF и членовите на нивните семејства, во однос на работата со други категории на поединци?
- Како практичарите може да ги зајакнат своите знаења, вештини и компетентност во работата со одредена група на повратници?
Кого бараме? Целна публика на оваа обука се социјални работници што работат со вратени FTF и нивните семејства, а коишто се на раб да го сторат тоа во регионот на Западен Балкан. Очекуваме лицата да имаат образование од областа на социјалната работа или работно искуство што е еднакво на тоа.
При изборот на учесниците бараме стручност, географска распространетост и 1 учесник по организација.
Како да се пријавите? Ако сте заинтересирани за учество на оваа обука, одговорете на прашањата во следниот формулар за пријавување: Кликнете овде за да се пријавите.
Практичности
Вашето патување и сместувањето ќе го организира РАН во ЗБ. Учеството е бесплатно. Обуката ќе се одржи на англиски јазик со превод на албански, македонски, босански/хрватски/црногорски/српски јазик. Обезбеден е превод на наставниот материјал, како и толкување на албански, македонски, босански/хрватски/црногорски/српски јазик.
Дали знаете други колеги, практичари или организации за кои овој повик може да биде интересен? Дистрибуирајте го овој повик низ Вашата мрежа.
За РАН
Мрежата за свест за радикализација (РАН) ги поврзува меѓу себе практичарите од прва линија од цела Европа, како и со академиците и креаторите на политики, за тие да разменуваат знаења, искуства од прва рака, како и пристапи за спречување и спротивставување на насилниот екстремизам во сите негови форми. Откако е основана во 2011 година, РАН привлече над 6.000 практичари од цела ЕУ и пошироко.
РАН во Западен Балкан
РАН во Западен Балкан ќе ги мобилизира и поврзе практичарите од Западен Балкан и нивната стручност за поддршка на сеопфатните напори за С/БНЕ, заемно учење и вмрежување меѓу професионалците, како во регионот, така и со колеги од земјите членки на ЕУ.
Притоа, ќе се организираат обуки, работилници и студиски посети на теми какви што се управување со странски терористички борци кои се враќаат и со членовите на нивните семејства, соработка со (верски) заедници при С/БНЕ и насилен десничарки екстремизам.
Проектот се спроведува во согласност со приоритетите наведени во Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан што го потпишаа Европската комисија и Западен Балкан во октомври 2018 година.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ги m [dot] vandedonkradaradvies [dot] nl (Мартин ван де Донк) или robert_orell
hotmail [dot] com (Роберт Орел).